Connect with us

Хаос на „Енфилд“: Симеоне за малку ќе се степаше со навивач и со редар (ВИДЕО)

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, за малку ќе влезеше во физичка пресметка со еден навивач на Ливерпул и редар во моментите на славење на домашните по доцниот победнички гол во Лигата на шампионите, а темпераментниот Аргентинец поради својата реакција доби црвен картон.

Камерите го забележаа моментот кога навивач на Ливерпул му дофрлуваше на Симеоне, по што тренерот му пријде и му се спротивстави. До судирот дојде среде еуфорија на „Енфилд“, откако капитенот Вирџил ван Дајк со глава во 92. минута го совлада Јан Облак и донесе победа за тимот на Арне Слот.

Тоа не беше сè, бидејќи Чоло имаше и расправија со редар, а дури и го оттурна.

По натпреварот, Симеоне објасни дека бурно реагирал бидејќи навивачот цело време го провоцирал.

„На терен сме во позиција каде што не смееме да одговориме или да реагираме, а никогаш не е добро кога тоа ќе го направиме. Кога го постигнаа третиот гол, тој се сврте и ме навреди. Јас сум човек, имам емоции“, изјави Симеоне, додавајќи:

„Многу се зборува за грижа и почит, но тие (навивачите) цел натпревар дофрлуваа навреди зад клупата. Како тренер не можам ништо да кажам. Мојата реакција не е исправна, тоа го знам, но зад тоа стојат 90 минути постојано навредување. Кога противникот ќе ве совлада, а тие продолжуваат да ве понижуваат, не е едноставно да останете мирни.“

Тој додаде и дека судијата ја разбрал ситуацијата.


„Се надевам дека клуб како Ливерпул ќе поработи на тоа. Кога ќе се идентификува лице што се однесува така, мора да сноси последици. Сепак, оној што мора да остане смирен и да ги трпи навредите сум јас. На таа позиција мора да го прифатите тоа“, заклучи Симеоне.

Ливерпул славеше против Атлетико Мадрид со голот на Вирџил ван Дајк во 92. минута со 3-2, иако „јорганџиите“ се вратија по заостанување од 2-0.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови