
Барселона не успеа целосно да го искористи киксот на Реал Мадрид и да се одлепи на врвот на табелата, откако одигра само 1-1 против Бетис. Иако навивачите очекуваа победа, тренерот Ханси Флик остана смирен и задоволен од залагањето на своите фудбалери.
„Им кажав на момците дека оставивме зад нас уште еден меч од сезоната и дека важно е што освоивме бод. Секако, сакавме победа, но не секогаш топката сака во гол“, изјави Германецот со насмевка.
Каталонците имаа свои шанси, особено во второто полувреме, но недостигаше малку среќа и прецизност за да го најдат патот до втор погодок.
„Ми се допадна како реагиравме по паузата – борбено, со желба и енергија. Понекогаш и тоа е доволно за да извлечеш нешто позитивно. Овој пат беше еден бод, а веќе сме во април и ситуацијата во табелата е солидна. Сега сме чекор подалеку од Реал“, додаде Флик.
Германецот повтори дека останува оптимист.
„Важно е што тимот не се предаде. Да гледаме напред со позитивна енергија – сè уште имаме многу за што да се бориме“, истакна Ханси Флик.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Интернационалци
Вест Хем сака да го купи Елиф Елмас

Евро-фудбал
Даглас Луис на чекор до Нотингем

Евро-фудбал
Челси ја заврши приказната со Николас Џексон
