Ханси Флик, тренерот на европскиот првак Баерн Минхен, ќе го напушти клубот по завршувањето на сезоната, откриваат германските медиуми. Тој не е во најдобри односи со спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ, а федерацијата го смета како најсериозен кандидат за наследник на Јоаким Лев на кормилото на фудбалската репрезентација на Германија.
Лев речиси сигурно ќе си замине од селекторската позиција по Европско првенство, откако деценија и пол ги предводи „панцирите“. Токму Ханси Флик треба да го наследи на функцијата селекторот на германскиот национален тим.
Баерн Минхен веќе е во преговори со неколку тренери кои би можеле да ја преземат тренерската функција во клубот, а голема желба на баварскиот клуб е Џулијан Нагелсман, младиот стратег на Лајпциг.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













