Колумбискиот интернационалец Хамес Родригез го напушта Катар и се враќа во Европа, и тоа во Премиер – лигата. Медиумите на Островот најавуваат дека од лето ќе го засили Вест Хем.
Хамес Родригез ја прифати понудата на Ал-Рајан и замина во Катар, но таму воопшто не му се допаѓа и нема настап од 5. март. Официјалните информации се дека е повреден, но тој всушност бара начин најбрзо да се врати на Стариот континент.
Одличниот играч за врска има богата кариера, во минатото беше дел од Реал Мадрид, Баерн Минхен, Монако, Порто, а сега би можел да го облече дресот на Вест Хем. Претходно, тој во Англија беше член на Евертон.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













