Колумбискиот интернационалец Хамес Родригез ќе го напушти Евертон на крајот од сезоната и ќе се врати во Шпанија, тврдат медиумите во неговата родна земја. Тој не се снаоѓа најдобро со животот во Англија и му недостигаат сончевите денови од Шпанија.
Колумбиецот пристигна на „Гудисон Парк“ на барање на Карло Анчелоти и беше еден од најдобрите играчи во клубот, но потоа заработи непријатна повреда. Сепак, со пет гола и седум асистенции на 20 меча во сите натпреварувања има одлична сезона зад себе.
Атлетико Мадрид е неговата најверојатна следна дестинација. Со шпанскиот клуб беше во преговори и при заминувањето од Реал Мадрид, но на крајот се реши да ја прифати понудата на Евертон. Брзо би можел да ја исправи грешката.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













