Connect with us

Халанд предвреме го напушти тренингот на Норвешка, алармот кај Манчестер Сити веднаш светна (ВИДЕО)

Голгетерот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, почувствува болка и предвреме го напушти денешниот тренинг на норвешката репрезентација. Сепак, лекарскиот тим брзо ги смири страстите откако во етерот на локалната телевизија „ТВ2“ канал истакна дека нема сериозен проблем со Халанд.


Не беше јасно што точно се случи со напаѓачот, но на видеото се гледа дека имаше мала непријатност.

Сето ова доаѓа на три недели пред првата четвртфинална пресметка на Манчестер Сити со Реал Мадрид во Лигата на шампионите. Покрај тоа, веднаш по паузата (31. март) англискиот шампион ќе се сретне со Арсенал во дерби дуел од Премиер – лигата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови