
Ерлинг Халанд се врати од повреда и беше двоен стрелец во триумфот на Борусија Дортмунд против Мајнц. Дуелот го отвори Марко Ројс со ран погодок уште во 3. минута, и со тоа се запиша во листата на стрелци за прв пат по цели два месеца. Потоа, во 54. минута, Халанд стрелаше од белата точка и го зголеми водството на 2-0. Буркарт, на само три минути до истекот на регуларниот дел од натпреварот, намали на 2-1, додека пак, за конечниот резултат од 3-1, се погрижи повторно Халанд во 94. минута.
Во останатите натпревари, Херта го изненади Ајнтрахт Франкфурт со гостинска победа од 2-1. Головите за “старата дама” ги постигнаа Ригтер и Екеленкамп, додека пак, Португалецот Пасиенција стрелаше за “орлите” на “Дојче Банк Парк”.
Унион Берлин го изненади Волфсбург со конечен резултат од 2-0, Богум беше поуспешен од Гројтер Фурт (1-0), додека пак Фрајбург и Лајпциг си ги поделија бодовите во ремито (1-1).

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Јувентус сака да го доведе Бернардо Силва

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Прва лига
Арсими ќе се обиде да го скроти Вардар
