Connect with us

Халанд: Клубот ме притиска да одлучам околу трансферот

Младиот норвешки фудбалер Ерлинг Халанд е фрустриран од секојдневните шпекулации за неговото заминување од Борусија Дортмунд, па по убедливата победа од 5-1 над Фрајбург, јавно кажа дека е разочаран од раководството на германскиот клуб.


Норвешкиот напаѓач ќе биде слободен во летото 2024 година, но веќе на крајот од оваа сезона во договорот има клаузула која им овозможува на другите клубови да го доведат.

Во Борусија Дортмунд се свесни дека на крајот од сезоната сигурно ќе останат без првиот напаѓач, но на Халанд не му се допаѓа секојдневниот притисок кој доаѓа од клубот кога е во прашање заминувањето.

„Половина година молчев на оваа тема од почит кон клубот, но забележав дека ме притискаат да одлучам што е можно поскоро. Клубот почна да ме притиска што е можно повеќе и јас го прифатив тоа темпо“, изјави Халанд.

Набргу по зборовите на Халанд се огласи и директорот на Борусија, Ханс-Јоаким Вацке, кој изјави дека клубот не може да го чека мај за да дознае дали во следната сезона ќе влезе без најдобриот играч.

„Тој е млада и директна личност. Немаме проблем со него, но тој мора да ја разбере ситуацијата. Не можеме да чекаме до мај“, изјави Вацке.

Халанд моментно е најблиску до преселба во Ла Лига, во игра секако се гигантите Реал Мадрид и Барселона, кои се подготвени да издвојат меѓу 75 и 90 милиони евра за трансферот на напаѓачот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови