Connect with us

Халанд и Гвардиола ги добија наградите на УЕФА

УЕФА ги прогласи најдобрите за минатата сезона. Очекувано, Манчестер Сити ги собра наградите.
Најдобар играч е Ерлинг Халанд, додека за менаџер на годината е избран Пеп Гвардиола.


Најдобра фудбалерка е Аитана Бонмати од Барселона, членка на шпанската фудбалска репрезентација која го освои Светското првенство. Најдобар тренер во женски фудбал е селекторката на англиската женска репрезентација, Сарина Вигман.

Претседателската награда на УЕФА ја освои поранешниот напаѓач на германската репрезентација, Мирослав Клосе.

Најдобар фудбалер: Ерлинг Халанд (Манчестер Сити)

Најдобра фудбалерка: Аитана Бонмати (Барселона)

Најдобар тренер: Пеп Гвардиола (Манчестер Сити)

Најдобар тренер во женски фудбал: Сарина Вигман (Англија)

Претседателска награда на УЕФА: Мирослав Клосе

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови