Кристијано Роналдо синоќа постигна два гола во победата на Ал-Наср над Ал-Итихад и моментно е најдобар стрелец во светот за календарската година.
Во 2023 година, играјќи за Ал-Наср и за Португалија, Роналдо ги прескокна Хари Кејн и Килијан Мбапе, исто како и Ерлинг Халанд.
Сепак, не е невозможно Норвежанецот вечерва да го стигне Роналдо. Доколку игра против Евертон, на Халанд му е потребен хет-трик за да се израмни со Кристијано Роналдо.
Вака изгледа листата на најдобри стрелци во оваа календарска година:
Кристијано Роналдо 53
Хари Кејн 52
Килијан Мбапе 52
Ерлинг Халанд 50
Advertisement
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Advertisement
Advertisement













