Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, зборуваше по поразот од Борнмут со 1-2 во Премиер – лигата. Шпанскиот стратег повторно се осврна на заморот, предизвикан од напорниот распоред, како и на кадровските проблеми кај „граѓаните“.
„Не можевме да се справиме со интензитетот што го наметна Борнмут, но тие имаа шест или седум дена за одмор, додека ние дури моравме се вративме од Лондон среде недела, што дополнително го скрати нашето време. Не успеавме да се справиме со нивните долги топки, а кога е така, треба да се браниш длабоко. Ние имавме свои шанси кои не ги искористивме“, изјави Гвардиола.
„Кајл Вокер нема завршено ниту еден целосен тренинг во последните 16 дена. Вложи огромен напор, но му недостигаат тренинзи. Истото важи и за Нејтан Аке. Мануел Аканџи исто така не играше на претходниот натпревар поради проблеми. Требаше да бидеме поконцентрирани и подобро позиционирани во одбраната. Знаевме дека Борнмут игра квалитетно во овој дел од сезоната“, дополни Гвардиола.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













