
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, го прифати нерешениот резултат (1-1) против Ливерпул и го пофали својот тим и покрај тоа што пропушти победа во финишот.
„Граѓаните“ во поголемиот дел од времето имаа предност на „Етихад“, но по водството не можеа да постигнат втор гол.
„Многу сум среќен и горд на мојот тим. Ние одигравме многу добро. И момците се среќни, но сепак не целосно затоа што можевме да победиме. Сепак, таков е фудбалот“, изјави Гвардиола.
„На крајот го ограничивме противникот на само две шанси, што е одлично. Начинот на кој ги градевме нашите напади и влијанието на Мануел Аканџи и на Родри на отворен простор беше многу, многу добро. Одлично се браневме и во статичните ситуации, па нашиот стандард беше навистина висок“, додаде тој.
„Кога Ливерпул игра брзо, тоа е навистина хеви метал фудбал. Откако ќе тргнат, не можете да ги спречите. Само молете се и обидете се да се заштитите. Сега добро се браневме, за разлика од натпреварот со Челси“, заврши Шпанецот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Патрик Шик во Баер Леверкузен до 2030 година

Прва лига
Никола Величковски ја засили Брера

Евро-фудбал
Барса ја наполни мрежата на Даегу (ВИДЕО)
