Connect with us

Гвардиола: За да останеме запишани во историјата, треба да ја освоиме Лигата на шампионите

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, подигна уште еден трофеј со тимот. „Граѓаните“ ја освоија титулата во Премиер – лигата, но Пеп има намера да освои тројна круна до крајот на сезоната.


За да го направи тоа, неговиот состав мора да победи во финалето на Лигата на шампионите и во ФА Купот.

„Имаме многу добар состав, но се согласувам со медиумите и сите други кои велат дека ни се потребни европски почести за да бидеме меѓу големите тимови. Сите тие не еднаш, туку многупати победија во Европа. Радоста за пласман во финалето е навистина голема, но ако сакаме да нè сметаат меѓу најдобрите, мора да ја освоиме Лигата на шампионите. Тоа е малку неправедно и моето мислење за тимот нема да се смени, но за да влеземе во историјата, мораме да го направиме тоа. Најдобрите тимови се секогаш гладни за успех. Тие сакаат сѐ“, изјави Гвардиола.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови