Connect with us

Гвардиола: Во ЛШ ми текнува и „глупава тактика“…И утре ќе смислам нешто ново

Манчестер Сити утревечер на „Итихад“ го пречекува Атлетико Мадрид во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите. Интересна најава даде менаџерот на англискиот тим, Пеп Гвардиола.


Тој призна дека премногу размислува за натпреварите од Лигата на шампионите и дека често помислува на некоја „глупава тактика“.

„Во Лигата на шампионите секогаш претерувам со нови тактики, но и утре ќе видите нешто ново. Претерувам, но мислам и дека имам многу добри резултати во Лигата на шампионите. Сепак, и загубивме некои натпревари поради моите решенија. Би било здодевно секогаш да се игра на ист начин. Не можам да играм исто против Атлетико и против Ливерпул, тоа не ми се допаѓа. Ривалите се различни, играчите се различни, тие доаѓаат од различни натпреварувања. Вечерва ќе црпам инспирација и утре ќе смислам нешто ново“, изјави Гвардиола.

Манчестер Сити ќе се бори против Атлетико за полуфинале, а Гвардиола го пофали шпанскиот тим.

„Симеоне е неверојатно мудар тренер. Тој не сака да ризикува во изградбата на акции, но кога ќе стигнат до последната третина нивниот квалитет е огромен. Кога топката е во противничката половина, тие точно знаат како да играат. Во овие ситуации тие се навистина добри“, истакна Гвардиола за утрешниот ривал.

Натпреварот Манчестер Сити – Атлетико Мадрид, се игра во вторник од 21 часот, на „Итихад“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови