Connect with us

Гвардиола во јануари го купува Рафаел Леао

Пеп Гвардиола, менаџерот на Манчестер Сити, сака во својот клуб да го доведе Рафаел Леао, асот на Милан и официјално најдобар играч во Серија А за минатата сезона.


Шпанскиот стручњак и дал зелено светло на управата да започне преговори со талентираниот Португалец и според италијанските медиуми тој сака да ја заврши работата веќе во јануари следната година.

Милан летово одби голем број богати понуди, но прашање е до кога ќе може да го направи тоа. Португалецот има договор со „росонерите“ до 2024 година, според кој добива „само“ 1,4 милиони евра годишно. Шампионот на Италија му понуди зголемување на 4,5 милиони евра, но јасно е дека тоа не ги задоволува апетитите на Леао и неговиот менаџер.

Сити е подготвен да понуди 100 милиони евра, со цел Леао да пристигне на „Итихад“ и да формира тандем во нападот со Ерлинг Холанд, кој летово дојде во редовите на „граѓаните“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови