Менаџерот Пеп Гвардиола зборуваше за иднината на играчот од средниот ред Бернардо Силва во Манчестер Сити. Претходно беше објавено дека Барселона ова лето сака да го ангажира португалскиот интернационалец.
„Има многу гласини во печатот за Бернардо, но сѐ уште никој не нѐ контактирал. Не сме добиле повик од Барса или други клубови. Тој е одличен играч и се надевам дека ќе остане во Манчестер Сити“, изјави Гвардиола.
29-годишниот Бернардо Силва е во англискиот шампион од 2017 година, а претходно играше за Монако во Лига 1 и за португалската Бенфика.
Во последната сезона, играчот од средниот ред има 49 натпревари, 11 гола и 10 асистенции.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













