
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, изјави дека не се сомнева во квалитетите на Кол Палмер, за кого верува дека има можност да блесне во отсуство на повредениот играч за врска на Сити, Кевин де Бруин.
Де Бруин е опериран и најверојатно ќе биде надвор од терените подолг период. Палмер, кој стартуваше во натпреварот од Суперкупот на УЕФА, го постигна израмнувачкиот гол во ремито 1-1 со Севилја, а Сити го освои трофејот на пенали.
Десет дена претходно, 21-годишниот Англичанец постигна гол и на натпреварот од „Комјунити Шилд“ со Арсенал.
„Не треба да кажам колку е добар Кол Палмер. Го знаев тоа и без неговите два гола во двете финалиња. Жал ми е што имаше повреди минатата година. Но, да се најде место во тимот на Сити не е лесно со конкуренција на играчи како Бернардо Силва и Ријад Махрез“, изјави Гвардиола.
Манчестер Сити вечерва го пречекува Њукасл во првиот меч на „Итихад“ во новата сезона. Гвардиола ги нема на располагање Џон Стоунс кој е повреден, како и Бернардо Силва кој е болен.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal