Connect with us

Гвардиола: Се гордееме со Родри, немаше да биде незаслужено „Златната топка“ да ја добие и Винисиус, но сѐ тоа треба да биде забава

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, подетално ја коментираше темата за „Златната топка“ на Родри и дали Винисиус Жуниор можеби повеќе го заслужува признанието. Според Шпанецот, секогаш првите тројца или четворица играчи во оваа рангирање го заслужуваат признанието, како што беше случај и минатата година, кога Ерлинг Халанд заврши зад Лионел Меси.


Пеп смета дека на овие церемонии луѓето треба да се забавуваат и да ги прифатат резултатите. Тој, сепак, нагласи дека сите на „Етихад“ се исклучително среќни што за првпат играч на Манчестер Сити ја освојува најпрестижната индивидуална награда во фудбалот.

„Што да кажам? Прво, честитки за него, неговото семејство и пријателите. Ова е неверојатна вест за Родри и за сите нас. Сите во Манчестер Сити, како и нашите фанови, се гордеат со него. Пред неколку години никогаш не би можеле да си замислиме дека играч на Манчестер Сити може да ја освои оваа престижна награда. Толку сме среќни што можеме да ја споделиме со него. Се надеваме дека ова може да му даде енергија да се рехабилитира добро за следната сезона и повторно да биде со нас.

Ако Реал сака да го честита, добро. Ако не, тоа исто така е во ред. Тоа е нивна одлука. Ние во Манчестер Сити не ги судиме другите клубови за тоа што го прават. Минатата сезона Ерлинг Халанд освои тројна круна и постигна повеќе од 50 голови. Му кажав дека треба да биде среќен само затоа што е таму. Истото му го кажав и на Родри. Ако си меѓу првите двајца, тројца или четворица, тоа е исклучително. Требаше ли Ерлинг да победи минатата сезона? Да. Требаше ли Меси да победи? Да. Нема врска. Вие и вашите соиграчи сте направиле нешто неверојатно. Требаше ли Винисиус да победи? Можеби. Новинарите се тие кои гласаат, а не некоја елитна група.

Се разбира, ако Винисиус победеше, тоа исто така ќе беше повеќе од заслужено. Истото важеше и за Ерлинг минатата година. Ќе има и други шанси. Му честитам на Карло Анчелоти што ја освои наградата за најдобар тренер во светот. Но можеше да победат и Гасперини или Де ла Фуенте. Секако, и тие го заслужуваат, но луѓето гласаа за Карло и тој го заслужува тоа. Овој настан треба да биде забава и луѓето треба да ги прифатат резултатите. Како клуб, ние сме среќни што Родри е првиот играч на Манчестер Сити кој ја освојува оваа награда. Тоа е како да освоиш Премиер – лига или Лига на шампиони“, изјави Гвардиола.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови