
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, ја потврди лошата вест која веќе беше предвидена од медиумите на Островот. Сезоната за Родри е завршена. Шпанецот се здоби со сериозна повреда на десното колено за време на дербито со Арсенал минатиот викенд. Подоцна беше потврдено дека има оштетени предни вкрстени лигаменти.
Од клубот не открија колку време ќе му биде потребно за опоравување, но денес Гвардиола објави дека 28-годишниот играч од средниот ред веќе бил подложен на операција и ќе ги пропушти сите натпревари до крајот на сезоната.
„Тој утрово беше опериран. Предни вкрстени лигаменти и менискус. За жал, ги доби најлошите вести, но таков е фудбалот на ова ниво. Понекогаш вакви работи се случуваат. Ние само треба да го поддржуваме во процесот на рехабилитација, чекор по чекор. Кој ќе го замени? Го имаме Матео Ковачиќ и уште неколку опции. Илкај Гундоган може да игра на таа позиција, како и Џон Стоунс. Дали ќе се обидеме да најдеме замена во јануарскиот преоден рок? Ќе разговараме за тоа и ќе видиме како ќе се справиме. Ќе мора да почекаме“, изјави Гвардиола.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски
