
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, го опиша својот колега и сонародник Микел Артета како исклучителен и изјави дека Арсенал е еден од најтешките противници за победување во Европа и Англија, пред денешното гостување на „Емирати“. Освен Ливерпул, токму тимот на Артета е тој кој во последната деценија му пружал најголем отпор на Гвардиола во битката за титулата во Премиер – лигата.
Лондончани се и во серија од пет натпревари без пораз против „граѓаните“.
Последниот дуел меѓу двата тима во шампионатот се одигра пред седум месеци во Северен Лондон, каде Арсенал го декласираше Сити со 5-1. Пред новата сезона Артета значително го засили составот со квалитетни засилувања во нападот, Виктор Ѓокереш, Нони Мадуеке и Еберечи Езе.
Во пресрет на неделната дерби-пресметка, Гвардиола излезе со пофалби за својот поранешен помошник:
„Микел е исклучителен. Арсенал има еден од најбалансираните и најсилни тимови во Европа.“
Потсетувајќи се на последната пресметка меѓу двата клуба, Шпанецот додаде:
„Последните 15-20 минути беа катастрофа. Заборавивме што треба да правиме, а за Арсенал потоа сè стана лесно. Се надевам дека оваа сезона ќе покажеме повеќе, бидејќи Микел е неверојатен менаџер. Тие го засилуваат составот во четири или пет преодни рокови по ред. Ова е извонреден тим – еден од најтешките ривали во Европа во моментов. Чекор по чекор Арсенал станува сè посилен. Минатата сезона во Европа направија огромен исчекор. За мене тоа е најсолидниот тим. Не прават грешки, извонредно стабилни се. Имаат брзина во нападот, силни се при прекини со Нико Јовер, кого добро го познавам. Во секој аспект имаат квалитет. Знам на што се способни.“
„Ќе видиме што треба да направиме и кои фудбалери ќе бидат во форма за да го одредат исходот на мечот. Арсенал е во одлична позиција, но ние ќе се обидеме да бидеме подобар тим од минатата сезона, особено во последните 20-25 минути.“
„Топчиите“ одлично ја започнаа сезоната 2025/26 со четири победи во пет меча во сите натпреварувања, вклучувајќи ја и Лигата на шампиони. Притоа имаат примено само еден гол, а постигнале вкупно 11.
Арсенал ќе се обиде да ја продолжи својата импресивна форма и да ја продолжи серијата без пораз против Манчестер Сити.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal
