
Во последните денови, медиумите во Англија интензивно пишуваат дека менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, е меѓу главните кандидати да ја преземе англиската репрезентација, со оглед дека привремениот селектор Ли Карсли нема да остане долго на функцијата.
Гвардиола оваа година добил понуди од три национални репрезентации, вклучувајќи ја и Англија, при што Шпанецот покажал реален интерес да се испроба во таква нова улога, при што финансиите нема да бидат одлучувачки фактор. Сепак, тоа најверојатно нема да се случи пред 2026 година, бидејќи Гвардиола размислува да потпише нов договор со Манчестер Сити.
Шпанецот не ја исклучил целосно можноста за преговори со ФА на Англија, а селекцијата на Англија е една од опциите доколку тој одлучи да се повлече од клупскиот фудбал.
Но, Гвардиола речиси сигурно ќе остане на кормилото на „граѓаните“, доколку клубот не биде драстично казнет и исфрлен од Премиер – лигата во судскиот процес кој е во тек, поради непочитување на финансискиот фер-плеј.
Тековниот договор на Гвардиола со англискиот шампион истекува на крајот од сезоната.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Андре Онана е нов голман на Трабзонспор

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски

Млади репрезентации
Влатко Колев го објави списокот на фудбалери за Македонија У17 против Кипар

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември
