
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, призна дека Брентфорд бил подобар тим на „Итихад“ во вчерашниот шокантен пораз (1-2). Според шпанскиот стратег, „граѓаните“ не можеле да се справат со долгите додавања кои Давид Раја ги упатувал кон напаѓачите, а имале многу проблеми со проигрувањата на Иван Тони, кој ги постигна двата гола во мрежата на Едерсон.
„Подобриот тим победи. Имавме многу проблеми. Не можевме високо да притиснеме бидејќи топката од голманот одеше директно кон напаѓачот. На овој начин не успеавме да освоиме ниту една топка. Кога Тони ги дистрибуираше тие топки, ни зададе неволја. Кога ја чуваше топката во средината и комбинираше со тројцата играчи на центарот, исто така ни правеше проблеми. На крајот не успеавме да ја одземеме топката. Во првите 15 минути имаа две одлични шанси, но не погодивме. Добро го започнавме второто полувреме, а потоа следуваше пауза од 10 минути. По секој прекин на игра, имаше долги топки кои не можевме да ги добиеме. Не создававме доволно шанси. Тактички имавме проблем да ја контролираме играта. Не можевме да ги контролираме тие долги додавања од Раја до Тони“, анализираше Гвардиола по мечот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Димитар Митровски стрелец во триумфот на Вараждин (ВИДЕО)
