Connect with us

Гвардиола: Оваа победа е најважната откако сум на клупата на Манчестер Сити

Драматичната победа од 2-1 против Фулам го одбележа можеби најважниот натпревар во времето на Пеп Гвардиола во Манчестер Сити. Ова го кажа самиот откако неговиот тим постигна гол во петтата минута од судиското надополнување.


Манчестер Сити играше со фудбалер помалку од средината на првото полувреме кога Жоао Кансело доби директен црвен картон.

„Сите беа неверојатни во тие 65 минути со еден човек помалку. Тоа беше веројатно најважниот натпревар во моето време во Манчестер Сити. Да, не ја освоивме Премиер – лигата, но ова се моментите кои имаат смисла за огромната работа што ја вложивме“, рече Гвардиола.

„Многу сум среќен. Овде сум веќе седум години и нормално е да се грижам дали играчите сè уште ме поддржуваат, дали се уморни, дали ја вршат својата работа 100 проценти. Разговарав со нив милион пати на тренинзи и на патувања, а сега ги видов одговорите со свои очи. Тие едноставно никогаш не се откажуваат“, изјави Пеп.

„Тие секогаш сакаат да победуваат, ја имаат потребната енергија и не застануваат додека не се случат работите. Многу сум горд на нив. Победивме бидејќи моите играчи се одлични во секој поглед”, изјави Гвардиола.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови