
Англискиот премиерлигаш Манчестер Сити го додаде петтиот трофеј во својата колекција во 2023 година со победата од 4-0 над бразилскиот клуб Флуминенсе во финалето на Светското клупско првенство на ФИФА во Џеда, Саудиска Арабија.
„Граѓаните“ станаа првиот англиски тим кој во исто време ги освоил Премиер – лигата, ФА Купот, Лигата на шампионите, УЕФА Суперкупот и Светското клупско првенство на ФИФА, што менаџерот Пеп Гвардиола го опиша како „извонредно достигнување“.
„Многу сум горд на овој клуб. Она што го направивме е извонредно достигнување. Да се освои овој трофеј е да се биде најдобар во светот. Како тренер, она на што најмногу се гордеам е што секогаш покажуваме присуство. Без разлика дали ќе победиме или загубиме, дали ќе стигнеме до трофејот, ние се бориме за следниот“, изјави Гвардиола.
„Да се освои тројната круна беше навистина посебно, но да се додадат уште два трофеи и сега да се држат пет големи титули покажува уникатен менталитет од тимот, клубот и навивачите. Тоа е нешто што ниту еден друг англиски тим не го направил и ние секогаш ќе го паметиме незаборавното време заедно“, додаде шпанскиот стратег кој го предводи Манчестер Сити.
Пеп Гвардиола стана првиот менаџер кој го освоил Светското клупско првенство со три различни екипи, водејќи ја Барселона до титулата во 2009 и 2011 година, како и Баерн Минхен во 2013 година.
„Во последните 12 месеци покажавме дека сме најдобриот тим во светот. Нашите резултати докажуваат дека константноста што ја постигнавме е исклучителна“, додаде капитенот Кајл Вокер.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари

Евро-фудбал
Аморим: Примивме голови што можеа да се избегнат
