Манчестер Сити потсети на најдобрите денови совладувајќи го Кристал Палас со 4-0 на „Етихад“. Менаџерот Пеп Гвардиола е задоволен што „граѓаните“ се доближија само на два бода негатива од градскиот ривал Манчестер Јунајтед на врвот, а имаат и меч помалку па можат и да стигнат највисоко на табелата. Но, шпанскиот стратег предупредува дека оваа сезона не може да се спореди со ниту една од претходно.
„Ова е многу чудна сезона. Секој може да победи секого во шампионатот. Имате заболени од коронавирус, имате чудни услови, празни стадиони, нарушен ритам на натпреварување… Не е лесно, но среќни сме што дојдовме при врвот. Напорно работевме и многу се мачевме за да ги стигнеме другите екипи. Сега не можеме да си дозволиме лукзус повторно да заостануваме и затоа мора да го задржиме фокусот“, изјави Пеп Гвардиола.
„Граѓаните“ в среда ја пречекуваат Астон Вила на домашен терен.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













