Connect with us

Гвардиола откри кога ќе го напушти Манчестер Сити

Пеп Гвардиола е сигурен дека ќе паузира од клупскиот фудбал од летото 2023 година. Шпанскиот стратег ја започна својата шеста сезона во Манчестер Сити, што е двојно повеќе отколку што остана во Баерн Минхен, додека го освои светот во Барселона од 2008 до 2012 година.


По 15 години интензивна работа, освен сезоната 2012/13 кога направи пауза и се одмори во Њујорк, Пеп верува дека по истекот на договорот со Сити, вистинско време е да се испроба и како селектор на национална селекција.

„Да, следниот чекор е репрезентација. Тоа ќе биде мојот следен чекор, доколку се појави можност. Морам да направам пауза по седум години во Манчестер Сити. Сакам да застанам, да научам нешто ново од другите тренери, да направам пауза. Би сакал да водам селекција на Европското првенство, Светското првенство или на Копа Америка“, откри Гвардиола.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови