Connect with us

Гвардиола остана и без Нејтан Аке за мечот со Астон Вила

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, денеска потврди дека ниту Нејтан Аке нема да биде подготвен за утрешниот дуел со Астон Вила.


Холанѓанецот мораше да го напушти теренот поради повреда во првото полувреме од дербито со Арсенал, а Пеп не прецизираше колку ќе паузира.

„Аке е повреден и нема да игра против Астон Вила, но се надеваме дека наскоро ќе се врати“, изјави Пеп Гвардиола.

Освен него, надвор од тимот се и Едерсон, Кајл Вокер и Џон Стоунс. Очигледно е дека Гвардиола има големи проблеми со фудбалерите од одбраната.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови