Дефанзивците на Манчестер Сити, Рубен Дијаш, Кајл Вокер и Џон Стоунс ја завршија сезоната поради повреди.
Како што изјави менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола, тројцата дефанзивци ќе ги пропуштат последните три натпревари во Премиер – лигата во кои тимот се бори за титулата.
„Рубен, Кајл и Џон ја завршија сезоната“, изјави Гвардиола.
Дијаш ја напушти играта на полувремето на натпреварот против Њукасл (5-0) поради проблеми со мускулот. На негово место влезе Фернандињо, кој го напушта клубот на крајот од сезоната.
Вокер мораше да го напушти теренот во средата во второто полувреме од полуфиналниот реванш од Лигата на шампионите против Реал Мадрид поради нови проблеми со зглобот.
Стоунс ги пропушти последните два натпревари поради проблеми со тетивата и нема да се врати до крајот на сезоната.
Сити со победата против Њукасл оствари три бода предност пред второпласираниот Ливерпул. На три кола пред крајот Сити има 86 бода, а Ливерпул 83.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













