
Манчестер Сити ја брани шампионската титула во Премиер – лигата, но менаџерот Пеп Гвардиола е свесен дека има голем хендикеп поради недостатокот на напаѓачи во тимот. Вели дека денешниот ривал Челси, како и Манчестер Јунајтед и Тотенхем, имаат многу поголема офанзивна моќ.
„Напаѓачот е напаѓач. Тие секогаш се малку разделени од останатите и се на своја позиција. Заедно со голманите, тие формираат група играчи на кои им треба посебен пристап. Најтешко се потпишуваат. Бевме привилегирани да го имаме Серхио Агуеро во тимот толку години, но, за жал, тој имаше сериозни повреди минатата година. Преживеавме без него. Сега имаме извонредни офанзивци, но ја немаме напаѓачката моќ на Манчестер јунајтед, Челси или Тотенхем. Мора да ги искористиме тимските квалитети. Немаме фудбалер кој може да постигне 25 гола во една сезона, па мораме да го направиме тоа со целиот тим. Ова ќе се обидеме да го направиме во текот на тековната сезона, изјави Гвардиола.
Денеска Манчестер сити му гостува на Челси на „Стемфорд бриџ“ во дербито на колото кое почнува во 13.30 часот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи доведе голман од Германија

Евро-фудбал
Мората пред трансфер во Комо

Евро-фудбал
Ливерпул се вклучува во трката за Ѓокереш

Прва лига
И Шкупи „мрдна“, го доведе Емре Кадри

Евро-фудбал
Ливерпул тргнува по потписот на Александер Исак

Евро-фудбал
Милан го договори Самуеле Ричи
