Манчестер Сити и Реал Мадрид ја почнуваат разврската за трофејот во Лигата на шампионите. На „Итихад“ се игра првиот полуфинален натпревар, а менаџерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола, изрази голема почит за историјата на шпанскиот великан.
Тој вели дека неговиот клуб нема шанси да се споредува со Реал низ историјата, но може да се надева на успех затоа што сегашноста е малку поинаква.
„Ако играме против историјата на Реал, тогаш немаме никакви шанси, едноставно се подобри. Имаат огромен број трофеи и тоа е за почит. Но, ние ќе се бориме да докажеме што значи Манчестер Сити денеска и овие натпревари ќе бидат вистински тест за нашата вредност. Ќе беше исто и доколку игравме против Баерн Минхен или Барселона, тоа се клубови кои долги години се дел од најдобрите во Европа. Ние сме тука една деценија, но напорно работиме и се надеваме на успех“, изјави Гвардиола.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













