Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, беше воодушевен од победата на неговиот тим над Урава Ред Дајмондс од 3-0 во полуфиналето на Светското клупско првенство. „Граѓаните“ во финалето ќе се сдурат со бразилскиот Флуминенсе.
Англискиот клуб ќе се обиде да го освои клупскиот мундијал за првпат во својата историја.
„Ова не е последниот чекор. Не сме го освоиле овој трофеј, па ќе се бориме за него до крајот. За да играте во ова финале, треба да сте постигнале неверојатни работи – пред сѐ, треба да ја освоите Лигата на шампионите. Штом сме тука, мораме да направиме сѐ што можеме за да си заминеме со трофејот бидејќи тоа е шанса што се добива можеби еднаш во животот. Флуминенсе е јужноамерикански тим кој е многу искусен и поседува многу класа. Но, ние сме тука и ќе се обидеме да се претставиме добро и да ја освоиме титулата“, изјави Пеп Гвардиола.
Финалето меѓу Манчестер Сити и Флуминенсе е закажано за в петок.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













