
Манчестер Сити и ПСЖ се среќаваат во второто коло од Лигата на шампионите, а менаџерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола, се надева дека аргентинската ѕвезда Лионел Меси ќе биде дел од тимот од Париз, со оглед на тоа дека имаше проблеми со повредите во претходниот период.
Како што истакнува Гвардиола, неговото присуство во тимот би придонело за квалитетот на натпреварот, без разлика што Меси сигурно ќе биде еден од најголемите проблеми за тимот на англискиот шампион.
„Она што Лео го постигна во својата кариера е повеќе од извонредно. Се надевам дека ќе може да игра, за доброто на натпреварот. ПСЖ беше фантастичен тим минатата сезона, а сега уште го има и Меси. Тие се наши големи ривали. Ова е групна фаза, така што ќе биде поинаку. Ќе видиме”.
ПСЖ практично има дрим -тим, а покрај Меси, во нападот се и Нејмар и Мбапе. Гвардиола не знае како би го сопрел.
„Тие се исклучитилно талентирани, ќе биде тешко да ги спречиме. Навистина немам идеја како би го направиле тоа. Ќе мора добро да се браниме“, истакна Гвардиола.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
