
Во последното интервју кое го даде за Пирс Морган, Кристијано Роналдо жестоко го критикуваше Манчестер Јунајтед, а јасно е дека деновите во тој клуб му се избројани. Португалецот зборуваше за различни теми, а една од нив беше потенцијалниот трансфер во Манчестер Сити, пред да потпише за својот сегашен тим.
Роналдо изјави дека бил блиску до потпис за Манчестер Сити, но на крајот решил да потпише за Манчестер Јунајтед. Сепак, се огласи и Манчестер Сити, кој тврди дека наводите не се точни, и дека немале никакви преговори со Роналдо.
„Фергусон беше клучен. Токму поради него се согласив да се вратам во Манчестер Јунајтед. Разговорот со него беше клучен”, изјави Роналдо.
Сепак, Манчестер Сити соопшти дека се што рекол Роналдо не е вистина, а тоа го потврди Гвардиола.
„Не, не знам ништо за тоа. Немавме никаков контакт со него. Не знам зошто го кажа тоа, но не е вистина“, краток беше Гвардиола.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика

Млади репрезентации
Македонија У17 поразена од Кипар
