Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, не даде категоричен одговор на прашањето дали ќе потпише нов договор со „граѓаните“, но навести дека постои таква можност.
„Работам во Манчестер Сити веќе 8 години. Тешко дека ќе останам уште толку, но тоа не значи дека си одам,“ изјави Гвардиола на прес-конференција во Њујорк.
„Толку многу време во еден клуб… тоа е цела вечност. Сакам да бидам уверен дека кога ќе донесам одлука за мојата иднина, таа ќе биде правилна и за мене, и за клубот и за играчите. Ако решам да си одам, ќе го кажам тоа јасно. Ќе видиме што ќе се случи. Сосема не ја исклучувам можноста да потпишам нов договор,“ продолжи Пеп.
„Сигурно нема да преземам ниту еден чекор без знаење на мојот стручен штаб и без да разговарам со спортскиот директор, претседателот и извршниот директор. Благодарен сум на сите нив. Кога ќе дојде моментот, ќе разговараме. Не знам кога ќе биде најдобро тоа да се случи,“ додаде Гвардиола.
Каталонскиот стручњак е на чело на Манчестер Сити од 2016 година, а договорот му истекува следното лето. Под негово водство, клубот за првпат во својата историја ја освои Лигата на шампионите, а освен тоа шестпати триумфираше ја освои титулата во Англија.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski