Connect with us

Гвардиола: Не бевме доволно стабилни емоционално, а тоа е важно во Лигата на шампионите

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, ги критикуваше своите играчи по поразот од 1-4 од Спортинг Лисабон во Лигата на шампионите. Тој изјави дека играчите не биле емоционално стабилни во овој натпревар, што беше една од причините за тешкиот пораз.

„Немам многу што да кажам кога губиме со 1-4. Честитки за Спортинг, кој одигра одличен натпревар. Ние одигравме силно прво полувреме, но имавме проблеми со постигнувањето голови. Создававме шанси, но примивме гол од никаде. Првото полувреме беше добро, постигнавме гол, но правевме лесни грешки во додавањата и основни грешки. Се случува. Не требаше да дозволиме да примиме трет и четврт гол. Не бевме доволно стабилни емоционално, а тоа е важно во ова натпреварување. При 2-1 многу работи може да се случат, затоа мора да бидеме емоционално постабилни. Спортинг одигра многу добар натпревар. Ги искористија своите моменти, беа брзи и постигнаа голови“, изјави Гвардиола.

Потоа беше прашан дали проблемот е во ротациите што ги направи во одбраната.

„Можеби, не знам. Кога играш толку многу натпревари, не можеш секогаш да ги пуштиш на теренот истите единаесетмина. Имаме сличен проблем од почетокот на сезоната, но тоа е ситуацијата. Се наоѓаме во тежок момент од гледна точка на резултатите, но сакам да се бориме и да не се предаваме. Го прифаќам ова како предизвик. Тие ги искористија своите малку шанси, додека ние ги пропуштивме нашите. Таков е фудбалот. Можеби тоа што се случи во минатото е исклучок. Во првото полувреме имавме доволно шанси да го решиме натпреварот, а наместо тоа губевме со 1-3“, додаде Шпанецот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови