
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, беше воодушевен од тоа како Наполи се бранеше со играч помалку.
Дуелот од првото коло во Лигата на шампионите на „Етихад“ започна лошо за Наполи – уште во 21. минута Џовани Ди Лоренцо доби директен црвен картон по старт врз Ерлинг Халанд, оставајќи го тимот со човек помалку.
Италијанците успеаја да издржат цели 56 минути под силен притисок, но потоа нивната одбрана попушти. Халанд со глава донесе водство по маестрална асистенција на Фил Фоден, а Џереми Доку го постави конечниот резултат 2-0.
„Антонио Конте знае многу работи, а јас не сум толку способен како него да поставам толку организирана одбрана со 10 играчи. Тие останаа сконцентрирани и одиграа извонредно во дефанзива. Ние не игравме здодевен фудбал, постојано напаѓавме и се обидувавме да постигнеме гол. По првиот погодок работите се олеснија. Среќни сме за победата, но пред нас е долг пат во овој турнир“, изјави Гвардиола.
Шпанецот потенцира дека во последните години би било „невозможно“ Сити да освојува трофеи без Кевин де Бруин, кој сега настапува за италијанскиот клуб.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика
