Connect with us

Гвардиола на најубав начин прослави јубилеј, Сити го декласира Ливерпул (ВИДЕО)

Пеп Гвардиола го одбележа својот илјадити натпревар како тренер на најдобар можен начин – со убедлива победа на Манчестер Сити над Ливерпул со 3-0, реванширајќи се за поразите од минатата сезона во Премиер лигата. Џереми Доку повторно блескаше и им создаваше големи проблеми на „црвените“, а Ерлинг Халанд го постигна својот 99. гол во англискиот шампионат.

И Гвардиола и Клоп го повторија составот од натпреварите во Европа оваа недела, но пристапот на Сити беше далеку поофанзивен и организиран. Со брзиот и индивидуален стил на Доку, домаќините ја презедоа иницијативата. По пробивот на Белгиецот, Мамардашвили го фаулираше во казнениот простор, а судијата Крис Кавана досуди пенал по ВАР-преглед, но Халанд не успеа да го реализира, оставајќи го Ливерпул во игра.

Сепак, Манчестер Сити наскоро ја потврди својата доминација. По центаршутот на Матеуш Нуњез, Халанд со глава ја затресе мрежата во 29. минута. Домаќините продолжија да создаваат шанси, додека Ливерпул не можеше да ја повтори минатосезонската форма. Голот на Ван Дајк од прекин беше поништен поради офсајд на Робертсон, па на одмор се замина со 2-0. Во судиското надополнување, Нико Гонзалез погоди од работ на казнениот простор, топката го погоди Ван Дајк и го измами Мамардашвили за конечни 2-0.

Во второто полувреме, Ливерпул создаде неколку шанси преку Шобослаи и Гакпо, но третиот гол на Сити го реши натпреварот. Џереми Доку, избран за играч на мечот, со мајсторски индивидуален потег во 63. минута ја смести топката во спротивниот агол за 3-0.

Финишот беше формалност, откако Салах имаше најдобра шанса за Ливерпул, но „црвените“ немаа свој ден во дождливиот Манчестер, доживувајќи четири последовни гостински порази по првпат по децении.

Со триумфот, Сити се искачи на второто место со четири бода заостанување зад лидерот Арсенал, додека Ливерпул падна на осмото место со осум бода заостанување зад водечкиот тим од северен Лондон.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови