
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, немаше логично објаснување за поразот на неговиот тим од Реал Мадрид со 1-3 во реваншот од полуфиналето во Лигата на шампионите. „Граѓаните“ беа на минути од победата, но на крајот колабираа и беа елиминирани. Единственото објаснување на Шпанецот е дека фудбалот е непредвидлива игра и понекогаш се случуваат вакви натпревари.
„Бевме блиску, но не се пласиравме во финалето. Толку е едноставно. Во првото полувреме играта не се одвиваше добро. Не се претставивме добро, но противникот исто така не ни направи посебни проблеми. По постигнатиот гол игравме многу подобро. Кога поведовме очекував Реал Мадрид да почне да напаѓа, да напаѓа, да напаѓа во последните 15 минути, но тоа не се случи. Не бевме притиснати на никаков начин, но фудбалот е непредвидлив. Ќе ни треба време за да сфатиме што се случи. На крајот сите се префрлија во нашиот шеснаесетник, Едер Милитао, Родриго, Винисиус Жуниор, Бензема. Почнаа да центрираат и дадоа два гола. Во овие ситуации не го покажавме најдоброто од себе, но нормално е да имаме тензија во вакво полуфинале. Едноставно некогаш има вакви мечеви и мораме да го прифатиме тоа“, изјави Гвардиола.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
ПСЖ на крилата на Баркола го среди Ленс (ВИДЕО)

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
