Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, сподели дека имал внатрешно чувство дека оваа сезона нема да биде лесна за неговиот тим.
Сепак, тoj изненадувачки објави дека „граѓаните“ ќе се вратат следната сезона, како да не верува дека може да освои големи трофеи оваа сезона.
„Пред три месеци почувствував дека ќе се мачиме оваа сезона. Така и се случи. Кога кажувате дека ‘по Ипсвич тие се вратија’ и ‘против Лестер се вратија’… Јас ќе ви одговорам дека тоа одзема повеќе време. Ќе се вратиме следната сезона, навистина. Сега е важно да преживееме, да се квалификуваме“, изјави менаџерот на Манчестер Сити.
Актуелниот шампион вечерва го пречекува Челси во дербито на колото во Премиер – лигата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













