
Менаџерот Пеп Гвардиола го освои четвртиот европски Суперкуп, предводејќи го Манчестер Сити до новиот пехар. „Граѓаните“ на пенали успеаја да ја победат Севилја во пресметката во Атина, откако мечот заврши 1-1.
Гвардиола вели дека има извонредни фудбалери кои успеале да го издржат притисокот иако имаа негатива во првиот дел од натпреварот.
„Едерсон нѐ спасуваше неколку пати. Минатата недела загубивме на пенали, но овојпат победивме. Не беше лесно во ваков финиш за Кол Палмер, но тој одлично се снајде. По првите минути од вториот дел ја најдовме својата игра и почнавме повеќе да ги контролираме работите на теренот. Постигнавме израмнувачки гол и во последните минути почувствувавме дека тимот што може да постигне уште еден гол. Ако Севилја дадеше втор гол претходно, можеби ќе станеше невозможно да го освоиме трофејот.
Имам извонредни играчи и одличен голман. Во минатото чувствував дека освојувањето на многу трофеи ќе доведе до губење на мотивацијата. Но, сега го немам тоа чувство. Многу сакавме да го освоиме трофејот“, изјави Гвардиола.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Тотенхем тргнува по Морган Роџерс

Евро-фудбал
Даглас Луис го засили Нотингем Форест

Евро-фудбал
Немања Матиќ се враќа во Серија А

Евро-фудбал
Баерн Минхен ќе го купи Џејдон Санчо?

Интернационалци
„Билд“: Лајпциг бара 20 милиони евра за продажба на Елмас

Прва лига
Шкендија се засили со Атдхе Мазари
