Connect with us

Гвардиола: Имаме огромна почит за ФК Копенхаген

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, вечерва го очекува тежок натпревар на гостувањето кај ФК Копенхаген во осминафиналето на Лигата на шампионите. Англискиот тим продолжува да ја брани титулата, но шпанскиот стручњак покажа почит кон противникот и предупреди дека натпреварот во Данска нема да биде лесен.


Гвардиола рече дека враќањето во нокаут фазата од Лигата на шампионите е важно за тимот.
ФК Копенхаген е на пауза во домашниот шампионат и нема одиграно официјален натпревар од 12 декември минатата година.

„Првото осминафинале на гости е секогаш тешко бидејќи можеби немате ритам што ви е потребен. Нашиот противник е физички одморен и психички свеж. Имаа многу, многу време да се подготват за натпреварот. Се надеваме дека ќе бидеме на добро ниво да бидеме конкурентни“, изјави Гвардиола на прес-конференција во пресрет на натпреварот.

„Нема да одлучува овој прв дуел, но потребен ни е добар резултат пред реваншот во Манчестер. Утрово им кажав на играчите дека мора да бидат психички подготвени да страдаат. Обично моите претќувства не ме лажат. Теренот е блиску до публиката и ќе биде „жешко“. Имам многу почит за сите наши противници, а за ФК Копенхаген имам навистина одлично мислење“, додаде Шпанецот.

Гвардиола изјави и дека нема притисок врз ѕвездата на тимот Ерлинг Халанд да постигнува голови на секој натпревар.

„Никогаш не го притискаме постојано да постигнува голови. Дури и Лионел Меси и Кристијано Роналдо немаа толку голови на негова возраст. Тој одлично се прилагодува. Имам навистина добри играчи кои ги прифаќаат новините во тимот. Сите веруваме дека можеме да ја одбраниме титулата во ЛШ“, истакна Пеп Гвардиола.

ФК Копенхаген вечерва го пречекува Манчестер Сити во првиот осминафинален дуел од Лигата на шампионите.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови