Пеп Гвардиола и Манчестер Сити постигнаа договор за продолжување на соработката. Еден од најдоверливите новинари кои го следат Манчестер Сити, Сем Ли, вечерва потврди дека конечно сè е договорено и дека Пеп Гвардиола ќе потпише нов едногодишен договор.
Сегашниот договор на Пеп Гвардиола трае до јуни 2025 година, а со овој потпис неговото останување е осигурано и за наредната сезона, односно до летото 2026 година.
Пеп Гвардиола никогаш не разгледувал други опции за работа, а по Сити најавил дека ќе земе пауза, но одлучил да остане уште една сезона.
Пеп Гвардиола пристигна во Сити во летото 2016 година, што значи дека ќе остане на „Етихад“ цела деценија.
Гвардиола ги има освоено сите можни трофеи, вклучувајќи шест од седумте титули во последните седум години, а во 2023 година конечно успеа да ја освои и Лигата на шампионите.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













