Менаџерот Пеп Гвардиола е среќен што го има Ерлинг Халанд во Манчестер Сити. Шпанскиот стратег е дециден дека настапите на Норвежанецот не се изненадување за никого.
„Она што сега го прави Ерлинг беше очекувано. Тој постигна слични работи во Норвешка, Австрија и во Германија, но ова е реалноста. Квалитетните играчи кои ги имаме околу него му помагаат да постигнува повеќе голови. Тој има неверојатен инстинкт. Роден е да постигнува голови и ние само треба да му помогнеме да го направи тоа“, изјави Гвардиола.
Халанд постигна три гола против Манчестер Јунајтед (6-3) и сега има три хет-трика на три последовни натпревари на домашен терен во англиското првенство.
„Сега имаме среќа. Минатата сезона тој не можеше да одигра многу натпревари бидејќи беше повреден. Имаме неверојатни физиотерапевти. Благодарение на нив, Ерлинг може да биде на теренот 90 минути на секој натпревар. Минатата сезона Борусија Дортмунд не можеше да го направи тоа, но ние можеме“, изјави шпанскиот стратег.
Сити водеше со 4-0 на полувремето против Јунајтед, а се истакна и Фил Фоден со три гола.
„Беше навистина многу добро. Зборови не се потребни. Најдобро е што победивме, но има неколку елементи кои мораме да ги подобриме“, додаде Гвардиола.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal