
Фудбалерите на Манчестер Сити и Реал Мадрид одиграа одличен прв полуфинален натпревар во Лигата на шампионите. Во пресрет на реваншот на 4. мај во Мадрид, англискиот тим е нешто поблиску до мечот за титулата бидејќи победи со 4-3 во спектаклот на „Итихад“.
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, вели дека тоа беше неверојатен фудбалски натпревар.
„Тоа беше добар натпревар помеѓу две екипи со квалитетни играчи. Победивме, ќе одмориме, ќе одиграме натпревар со Лидс и потоа ќе отпатуваме за Шпанија. Моето скромно искуство покажува дека мораме да преболиме вакви работи за освојување на титулата“, изјави Гвардиола и продолжи:
„Резултатот можеше да биде подобар, но Реал е секогаш Реал. Ни требаат два многу добри натпревари за да ги елиминираме, а ние го направивме првиот. Сега треба да го одиграме и вториот“, најави менаџерот на Сити.
Гвардиола вели дека неговиот тим промаши многу шанси, но и успеа да ги создаде.
„Ги пропуштивме, но ги создадовме. Горд сум и неверојатен среќен за тоа како одигравме пред очите на целиот свет против екипа која е искусна во овие натпреварувања.Направивме се што беше потребно за да победиме. Нема да славиме во Мадрид ако играме како во второто полувреме, но ако повториме делови од овој натпревар, тогаш ќе бидеме во финалето. Сакаме да се покажеме колку знаеме и на „Сантијаго Бернабеу“, сакаме да направиме шоу таму“, истакна Гвардиола.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Наполи го засили нападот со Лоренцо Лука

Евро-фудбал
Стивен Џерард стана дедо на 45-годишна возраст

Прва лига
Тиквеш го врати Иван Ивановски

Евро-фудбал
Карерас е новиот „крал“ во Мадрид
