Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, ги пофали своите играчи за настапот против ФК Копенхаген во првиот меч од осминафиналето во Лигата на шампионите. Синоќа „граѓаните“ славеа со 1-3 во Данска и во голема мера обезбедија пласман во следната фаза, со оглед дека на реваншот Англичаните се домаќини.
„Одигравме многу добар натпревар. Бевме трпеливи, чекајќи го вистинскиот момент. Горд сум на мојот тим, но се уште ништо не е готово. Третиот гол ни помогна многу и се надевам дека ќе ја завршиме работата пред нашите навивачи и ќе продолжиме во следната рунда“, прокоментира Гвардиола.
„Нашата главна задача беше да не ги компликуваме нашите шанси за пласман понатаму. Примивме гол што можевме да го избегнеме, но понекогаш се случуваат такви работи. Важно е што добро реагиравме и постигнавме втор гол пред паузата. Сите знаеме што се случи со Баерн Минхен и со Манчестер Јунајтед на тој стадион. Натпреварите против ФК Копенхаген можат да бидат многу тешки и неизвесни, затоа наметнавме толку високо темпо“, изјави шпанскиот стратег.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













