Connect with us

Гвардиола го сака Лука Модриќ во Манчестер Сити

Манчестер Сити ја следи ситуацијата во врска со договорот на Лука Модриќ во Реал Мадрид, пренесува каталонски весник „Ел Насионал“. Според овој извор, 36-годишниот капитен на хрватската репрезентација е голема желба на Пеп Гвардиола, менаџерот на Манчестер Сити.


Модриќ има договор со Реал Мадрид до крајот на сезоната и се уште не се започнати преговорите за нов договор. Тој во јануари може да потпише преддоговор со друг клуб како слободен играч.

Гвардиола, како што тврдат каталонците, има план да го доведе Модриќ. „Граѓаните“ би му понудиле една сезона да игра во Манчестер Сити, а потоа и опција да оди во партнерскиот клуб во МЛС – лигата на САД, Њујорк Сити. Претходно, Модриќ имаше неколку понуди од МЛС, но тој одлучи да остане во Реал.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови