
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, по поразот од ПСЖ го пофали својот поранешен играч Лео Меси, но посебно го истакна Марко Верати. Тој вели дека е заљубен во неговата игра.
„Игравме добро. Направивме речиси се како што треба, само ги промашивме шансите. Ривалот се бранеше многу добро и се закануваше од контранапади. Игравме за да победиме, така што останува горчливиот вкус. Особено затоа што ривалот лесно постигна гол“, изјави Гвардиола.
Тој посебно го потенцираше италијанскиот репрезентативец.
„Голот на Меси беше многу убав. Ако е среќен во Париз, исто и јас. Јас сепак би го издвоил Марко Верати. Заљубен сум во него. Тој е фантастичен играч. Мал е, но секогаш може да се смета на него. Среќен сум што се опорави од повредата и повторно игра“, дополни Гвардиола.
„Граѓаните“ синоќа беа поразени од ПСЖ со 2-0 во второто коло од Лигата на шампионите. Сити викендов гостува кај Ливерпул, што ќе биде дерби од седмото коло во Премиер – лигата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Сити го декласира Јуве (ВИДЕО)

Прва лига
Шкупи доведе голман од Германија

Евро-фудбал
Мората пред трансфер во Комо

Евро-фудбал
Ливерпул се вклучува во трката за Ѓокереш

Прва лига
И Шкупи „мрдна“, го доведе Емре Кадри

Евро-фудбал
Милан го договори Самуеле Ричи

Евро-фудбал
Ливерпул тргнува по потписот на Александер Исак
