
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, вели дека е пријатно изненаден од нивото на перформанси и концентрација на неговите играчи во последните денови пред утрешното финале на ФА Купот. „Граѓаните“ ги очекува решавачка пресметка против градскиот ривал, а евентуален успех ќе им гарантира втора последовна двојна круна во Англија.
Тој потврди дека сите играчи освен Едерсон се на располагање.
„Тоа е финале на ФА Купот на „Вембли“, сите наши навивачи патуваат во Лондон, последен натпревар од сезоната и последен напор. Импресиониран сум од тоа колку добро трениравме во последните неколку дена, играчите беа многу фокусирани, сите сакаат да бидат вклучени и сигурен сум дека ќе дадат сѐ од себе. Никогаш досега не сме освоиле две двојни круни по ред. Некогаш кога сте под притисок, подобро функционирате. Ова е сосема поинаков натпревар од оние во Премиер – лигата, но ние одиме во Лондон да се претставиме добро и да го одбраниме трофејот“, објасни Гвардиола.
Гвардиола истакна дека особено внимавал на ситуацијата околу Манчестер Јунајтед и дека неговите играчи не треба да го потценуваат противникот поради нивната сезона која не е особено добра.
„Последниве неколку години работиме подобро од нив во Премиер – лигата, особено оваа сезона и играчите го чувствуваат тоа. Посебно им посочив на играчите дека ова е сосема поинаков тип на натпревар од првенството. Го почитуваме Јунајтед и нивната историја, но во последната деценија бевме подобриот тим. Кога си во голем клуб како Манчестер Јунајтед или Манчестер Сити и не победуваш, ти си во неволја, тоа не е тајна. Многу ја почитувам работата на Тен Хег и она што тој го правеше во Јунајтед. Немаа целосен состав цела сезона, имаа многу повреди. Тоа секако му прави многу проблеми на менаџерот“, изјави Гвардиола.
Финалето на ФА купот на Англија меѓу ривалите од Манчестер ќе се игра утре на „Вембли“, со почеток во 16 часот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
