Манчестер Сити забележа стартна победа од 3-1 против Црвена Звезда и успешно ја започна одбраната на трофејот во Лигата на шампионите. Сепак, радоста на „граѓаните“ остана во сенка на уште една повреда во тимот. На минута пред крајот на првото полувреме Бернардо Силва беше принуден да го напушти теренот.
Манчестер Сити упати вкупно 37 удари кон голот на Црвена Звезда, но постигна само три гола, и тоа за пресврт во вториот дел.
Ова предизвика незадоволство кај Гвардиола, кој индиректно ја префрли вината на Ерлинг Халанд.
„Во последните два натпревари играме многу, многу добро, но не постигнуваме голови. Добро е што бевме упорни да победиме. Одговорноста за головите е на напаѓачите. Да постигневме гол на почетокот, играта ќе беше поинаква“, истакна Пеп Гвардиола.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













