Пеп Гвардиола не е задоволен како изгледа тимот на Манчестер Сити без Родри, па „граѓаните“ многу веројатно ќе излезат на трансфер пазарот во зимскиот преоден рок.
Според шпанскиот „Релево“, Манчестер сити е подготвен да ја активира откупната клаузула од 60 милиони евра и да го донесе Мартин Зубименди од Реал Сосиедад.
Зубименди имаше подготвен договор со Ливерпул летово, кој исто така го информираше Реал Сосиедад дека е подготвен да плати 60 милиони евра, но Шпанецот одби да го напушти својот матичен клуб.
Сепак, делува дека се покајал за својата одлука, бидејќи Реал Сосиедад ги продаде своите првотимци Микел Мерино и Робин Ле Норман, а не доведе соодветни засилувања и покрај заработката од над 70 милиони евра.
Во целата ситуација голема улога игра и менаџерот Пеп Гвардиола, кој веројатно бил вклучен во преговорите за трансферот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













